Дваесетгодишниот Богдан Гајиќ, осомничен дека во семејниот дом го убил четири години постариот брат Игњат, на сослушувањето не покажал ниту трошка каење, пренесуваат српските медиуми.
Како што наведуваат медиумите во Белград, Гајиќ бил ладнокрвен кога го фатила полиција со телото на брата си во количка, а на некрологот на Игњат во ожалостени бил потпишан и убиецот.
Осомничениот веќе неколку дена се наоѓа во притвор поради сомнение дека го претепал до смрт брата си.
Претходно беше соопштено дека убиецот го испланирал злосторството, според тоа што ископал дупка во шумата а на својот татко му кажал оти некои момчиња поминале и го земале Игњат.
Сепак, уште има нејаснотии во врска со случајот, пренесуваат медиумите. Освен мотивот, потполно е нејасно што правел Богдан во периодот помеѓу убиството на брата си во попладневните часови и ноќта кога тргнал, како што постојат сомнежи, да го закопа во шума.
Во српската јавност било значително и тоа што Богдан на ниту една фотографија не бил насмеан, дури ни на оние од детството.
За него соседите кажале дека тој бил одличен ученик, сега студирал психологија и бил неверојатен на приемниот испит на факултетот.
Како идниот психолог станал брутален убиец, медиумите пренесуваат дека допрва треба да утврдат стручњаци.
ФОТО: Принтскрин