Студентка од Велика Британија уапсена за „одмазничко порно“

Девојката своето уметничко дело, составено од повеќе слики, го фотографирала и го објавила и на Фејсбук, но никаде не посочува чие е торзото на спорната слика.

295

Студентка од британскиот Универзитет на Линколн е уапсена за тнр. „одмазничко порно“, при што искористила слика од нејзиното поранешно момче, односно неговото голо торзо, во свој студентски проект.

Имено, Лорен Смит прво добила пофалби за својот уметнички колаж, но набргу заработила и пријава за нарушување на приватноста на поранешното момче. Но, бидејќи од фотографијата биле исечени неговата глава, нозе и гениталии, Судот во Мејдстоун донел ослободителна пресуда.

Девојката своето уметничко дело, составено од повеќе слики, го фотографирала и го објавила и на Фејсбук, но никаде не посочува чие е торзото на спорната слика.

Највисоката казна за „одмазничко порно“ во Англија и Велс е две години затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...