Загинатиот мотоциклист е 41-годишен скопјанец

7235

Надлежните институции го утврдија идентитетот на мотоциклистот кој загина утрово во сообраќајна несреќа на крстосницата од булеварите АВНОЈ и Србија во Ново Лисиче.

Станува збор за 41-годишен скопјанец со иницијали Д.П. Тој, како што информираше полицијата, починал на самото место.

Мотоциклот се удрил со автомобил „мицубиши“ со скопски регистрации управуван од 46-годишниот В.С. од Скопје.

Несреќата се случи утрово во 7 часот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...