Студентите со попреченост на „Фер муабет“ со Пендаровски

109

Настан посветен на студентите со попреченост „Фер муабет“ по повод одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет.

Воведни обраќања, како што е најавено, ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев и раководителката на Институтот за специјална едукација и рехабилитација Наташа Станојковска-Трајковска.

На настанот ќе биде промовирано и списанието на студентите на Филозофскиот факултет на Брајово писмо „Внатрешен Патник“ и ќе бидат доделени награди од Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...