Студентите по медицина од Тетово на пракса во болниците во Скопје

116

Студентите по медицина на Универзитетот во Тетово ќе можат дел од едукацијата да ја поминат во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје согласно заложбите на институциите да се отворат здравствените установи за кадарот без оглед каде студираат, најавија денеска министерот за здравство Венко Филипче и деканот на Тетовскиот медицински факултет, Кастриот Хаџиреџа на денешната нивна средба.

Пристапот за студентите до тие болници, според нив, е повеќе значаен.

– Со тоа за прв пат студенти ќе можат да се едуцираат во таа болница, што е една голема придобивка, врвни експерти по одредени специјалности да ги обучуваат, со што студентите ќе ги надградат знаењата, а воедно тие искуства во иднина ќе значат подобра услуга и за пациентите – рече Филипче.

На новинарско прашање до каде е унапредувањето на другите услови за студирање на студентите од Медицинскиот факултет кои пред неколку месеци протестираа, деканот со одговор дека за дел од барањата веќе се работи на конкретни проекти.

– Некои прашања како отворање студентски дом, менза и слично се надминати. За дел од барањата треба да се координирам со Министерството за образование и наука – рече деканот Хаџиреџа.

Министерот Филипче на Медицинскиот факултет по повод Светскиот ден на здравјето присуствуваше на предавањето на професорот д-р Фадиљ Градица насловено „Универзална здравствена покриеност-За секого и секаде“. Пред студентите и академскиот кадар, покрај предавачот се обратија министерот и деканот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...