Студентите од „Стив“ во петок ќе добијат вода и парно

83

Ја информираме јавноста во врска со настанатиот дефект на внатрешната инсталација во Студентскиот дом „Стив Наумов“ заради кој во една зграда од вкупно четири нема топла вода и во две згради нема парно греење. Во постојана координација сме со екипите на БЕГ, се работи интензивно на терен за итно отстранување на дефектот и во рок од два дена, односно во петок студентите сместени во студентскиот дом ќе имаат и топла вода и парно греење, соопшти Државниот студентски дом „Скопје“.

– Во моментов се работи на санирање на наследената катастрофална состојба во домовите и на замена на дотраената и стара опрема, а истовремено се исплатени и обврски во висина од 2 милиони евра од вкупно наследениот долг од 5 милиони евра.

Во последна фаза е воведување на новото мени после повеќе од 15-тина години со што значително ќе се подобри исхраната која е голем проблем за студентите. Наскоро ќе започне реновирање на кујната во „Гоце Делчев“, реконструкција на крововите во “Стив Наумов”, поставување видео надзор за обезбедување поголема безбедност на студентите, подобрување на квалитетот на храната, и реализација на јавни набавки каде за разлика од минатото се бара исполнување на највисоките исо и хасап стандарди, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...