Студентите нема да останат без струја, парно и вода во текот на зимата

63

Државниот студентски дом „Скопје” добива 79 милиони денари од државниот буџет. Оваа одлука ја донесе Владата на РМ на последната седница.

„Ова е второ намалување, во износ од 79 милиони денари, наменети за целосно покривање на режиските трошоци пред зимскиот период. За првпат по долги години студентите ќе ја поминат зимата без страв дека ќе останат без  струја, парно или вода, заради неплатените сметки на студентскиот дом. Ваквата одлука јасно ги потврдува приоритети на Владата и новото раководство на студентскиот центар. Новото раководство на Државниот студентски дом „Скопје“ наследи долг од речиси 5 милиони евра и студентски домови кои не нудат основни услови за живот и развој на младите“, соопштија од Државниот студентски дом.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...