Студентите во „Кузман“ конечно имаат парно

94

Дефектот со пумпата на мазут и дизните во студентскиот дом „Кузман” поради што се јави прекин во доставата на топлата вода и парното греење е саниран. На место на старата пумпа се постави нова со што домот повторно се стави во функција, се вели во информација од Државниот студентски дом „Скопје”.

„Вработените од секторот за одржување се сомневаат дека дефектот настанал поради неквалитетен мазут. Државниот студентски центар анализа од примерот мазут ќе испрати на испитување за да ги провери сомневањата на вработените.
Директорот на државниот студентски центар Дарио Николовски беше во домот за одблизу да се запознае со причините и сомнежите за настанатиот дефект. Со студентите покрај актуелната состојба разговараа и за други теми кои го засегаат работењето на домот, се вели во соопштението.

Државниот студентски центар тврди дека со сите средства се обидува да ги отстрани ваквите проблеми кои поради дотраената инсталација многу често се повторуваат.

„Во таа насока неодамна побаравме поголема партиципација од државата. Со тие средства повторно би ги вратиле во функција студентските домови.
Ги уверуваме студентите дека проблемите ќе почнат да се решаваат и дека условите за учење во студентските домови ќе бидат подобри“, вели Државниот студентски дом „Скопје” .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...