Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен во југоисточните делови.
Максималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната ќе се искачи само до 5-тиот степен. Утринава, температурите речиси во целата држава се под нулата. Најстудено е во Берово и Лазарополе каде се измерени -10 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија 1 степен. Во Петровец кај Скопје измерени се -3 степени, а на Зајчев рид -2 степена.