Студено време со сончеви периоди и со северен ветер

112

Времето во Македонија денеска ќе променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Во северните и североисточните делови на планините и на повисоките места ќе има услови за слаб снег. Ќе дува умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од четири до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за снег. Во сабота повремен снег ќе има и во пониските места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...