Малолетен авганистански државјанин е тешко повреден од струен удар на железничкиот граничен премин Гевгелија, соопшти СВР Струмица.
– На железничкиот граничен премин Гевгелија, од струен удар, со тешки телесни повреди се здобил малолетен авганистански државјанин на товарен воз. Лицето било пренесено во Јавната здравствена установа Гевгелија. Настанот е пријавен вчера во 11.20 часот – велат оттаму.
Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.