Граѓаните од следниот месец ќе плаќаат за 0.1 процент пониски сметки за струја. Или во пари за просечна сметка од 1.000 денари намалувањето ќе изнесува еден денар. Од Регулаторната комисија за енергетика ова незначително намалување на цената го образложија со фактот дека граѓаните добиле намалување од четири отсто со воведувањето на ефтината тарифа, лани во септември. Трошокот на ЕВН пак не влегол во ланската пресметка за цената на струјата.