Поради лошото менаџирање на средствата доделени од државата и нетранспарентно трошоње, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко треба да одговара кривично, заклучи Антикорупцската комисија.
Мерко се товари дека работел спротивно на законите и против јавниот интерес, трошејќи ги парите на општината на нетранспарентен начин. Повикувајќи се на ревизорските извешати утврдени се огромен број на финансиси пропусти, нелогичности и нетранспарентно трошење на парите дадени од државата со оглед на фактот што веќе девет години општината има блокирана сметка.
Мерко ја прели чашата со набавката на четири автомобили со вкупна вредност на набавката од 114 илјади евра, меѓу кои и луксузниот „ауди 6“ со вкупна вредност на набавката од 66.700 евра.
Антикорупционерите посочија дека градоначалникот во неговото писмено изјаснување ги отфрла изнесените наводи.
– Градоначалникот во своето писмено изјаснување ги отфрлува наводите со образложение за дотраен возен парк на возила на Општина Струга кој, според него, пред објавување на јавниот оглас за набавка на возила го сочинувале стари возила и тоа еден „Мерцедес Е-класа“ од 2006 година, две „Шкода Фабија“ од 2010 година, едно комбе „Фиат“ од 2010, едно „Ауди А6“ од 2011 година со блокиран мотор и една „Шкода Октавија“ од 2010 година, наведоа од ДКСК.
Од Комисијата посочија дека тој во своето изјаснување навел дека се воздржал од патувања на многу важни состаноци и средби со образложение „од други причини“, бидејќи му било срам да ја каже правата вистина дека нема возило за патување со повисоки перфорамнси, кои гарантираат сигурност и безбедност при патувањето на градоначалникот на Општината.
– Според него наводите изнесени во медиумите биле злонамерни, тендециозни со се единствена цел да се отфрли ликот и делото на градоначалникот и да се отргне вниманието од поважните теми во тоа време, ја информирале ДКСК од Општината.
ДКСК наведува дека Општина Струга функционира со блокирана сметка од 17 февруари 2010 година и оти набавката на нови возила доаѓа во период кога Општина Струга има други проблеми за решавање, набавка на нови камиони за противпожарна служба, комплетно решавање на проблемот со депонијата и водата за пиење.
Исто така, од ДКСК побараа да се достави претставка, до Судскиот совет од за преиспитување на донесените решение од Основниот суд во Струга по барање за зголемување на минимумот средства за извршување на основната дејност од страна на должникот Општина Струга, бидејќи, како што образложија, донесена е одлука од ист судија еднаш за одбивање на барањата од 2016 година, а другата за усвојување на барањето во 2017 година, кои се темелат на истите образложени причини на должникот Општина Струга, но од различни градоначалници. Што, според нив, претставува навод за политичко влијание врз работата на судиите.