Струмичанката Сања Чавдарова боледува од Квадриплегиа спастика – церебрална парализа и бара помош за рехабилитација во Австрија.
Вели дека секој ден за неа претставува нов предизвик, дека не може без помошта од родителите, но дека сака да може да ги прави рутинските дневни активности сама.
Првата бариера со која што се соочува е отежнатото симнување по скали, но надежта не ја напушта.
– Моето следно сознание за подобрување на мојата здравствена состојба е центарот за рехабилитација Ренона, Виена, Австрија, кое ќе ме чини 5.956,40 евра. Бидејќи не сме во можност да го покриеме износот кој ни го побараа, се обраќам до Вас со голема надеж дека нема да ме оставите сама на овој мој трнлив пат. За во иднина да чекорам со сите Вас, бидејќи и јас заслужувам да живеам – вели триесет и двегодишната Сања.
Жиро сметка:
НЛБ Банка
210501600064519
На име: Чавдарова Мара
М. ХАЏИВАСИЛЕВ-ЈАСМИН БР. 83, СТРУМИЦА
тел.077 608156