Струмица во ритмот на карневалот, две илјади учесници под маски

86

Градот под Царевите кули вечерва почнува да живее во ритмот на карневалот. Со карневалската забава и дружење на гостите од странство со претставници на карневалските групи од Струмица, која почнува во 18 часот и одржувањето на традиционалниот маскенбал во Хотелот „Сириус“ со почеток во 21 часот, на кој се избираат принц и принцеза на Струмичкиот карневал, официјално се означува почетокот на струмичката карневалска треска.

Токму маскенбалот е првиот барометар за понудата на маски и нивниот квалитет за главниот настан-Интернационалната карневалска вечер, која се одржува утре. На неа ќе продефилираат околу две илјади учесници распоредени во 47 групи од земјава и странство.

Почетокот на кулминацијата на струмичките карневалски празнувања е закажан во 18.30 часот кога низ улиците на Струмица ќе потече река од маски. Жири комисијата ќе ги оценува нивните креации, а за најдобрите во повеќе категории се предвидени парични награди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...