Стружанка украла 5.000 евра и злато од свекорот, па ги напуштила и децата

307

Жителка на струшкото село Шум доби кривична пријава од надворешната канцеларија за криминалистички работи – Струга за „запуштање и малтретирање на дете“ и „кражба“.

СВР Охрид денеска соопшти дека 29-годишната А.А. на 30-ти  минатиот месец го напуштила сопругот, семејниот дом и трите малолетни деца.

Претходниот ден, како што се вели во соопштението, пријавената, во куќата на нејзиниот свекор Ф.А. кој живее во соседното село Заграчани, извршила кражба на пет илјади евра и златни предмети. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...