Триесетгодишен жител на с.Ливада-струшко ноќеска околу 3.25 часот со автомобилот излетал од патот и удрил во бандера. Во незгодата тој и неговиот сопатник се повредени.
Двајцата се пренесени во болницата „Свети Еразмо-Охрид“.
Извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.