Стружанец скршил фискална и чаши и повредил гостин во кафеана во Мислешево

163

Едно лице е повредено при нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект во струшкото село Мислешево.

СВР Охрид соопшти дека вчера во 16 часот, 37- годишниот А.Ф. од Струга најпрво ја скршил фискалната каса во угостителскиот објект, а потоа чашите и другите предмети што биле поставени на шанкот.

– Притоа, со телесни повреди се здобил Т.Л. ( 51 ) од Струга. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга против А.Ф. ќе поднесе соодветна пријава, стои во информацијата на СВР Охрид

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...