Стружанец и неговата сопруга убиени во Австралија

8997

На новогодишната ноќ, маж и жена со потекло од Македонија биле убиени во Мелбурн, Австралија, објави DailyMail.

Како што е наведено во текстот, 29-годишниот Ветон Мусаи со потекло од Струга и неговата 25-годишна сопруга Линдита Мусаи биле застрелани во нивниот дом во Мелбурн на 31 декември.

Сопругата починала на лице место, а сопругот наредниот ден во болница.

Единствениот осомничен за крвавиот чин е таткото на убиената, 55-годишниот Осман Шаптафај кој има прострелна рана што си ја нанел обидувајќи се да се самоубие откако ги убил ќерката и зетот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...