Струга воведе мораториум за градби

Акциониот план на Струга го опфаќа и враќањето на нелегално изградените плажи на потегот од Струга до Калишта од заштитениот појас во првобитна состојба, што пак, треба да се случи до мај 2020-та.

243

Струшките советници денеска го изгласаа Мораториумот за градба и Акцискиот план за спроведување на препораките на УНЕСКО, без присуство на градоначалникот Рамиз Мерко.

Иако од општината Струга нагласија дека е мал бројот на дивоградби, советниците тврдат дека градежната инспекција има донесено илјадници решенија за отстранување на бесправно изградените објекти.

Според акциониот план, планирано е целосно затворање на градската депонија до средината на 2020-та, до изградба на регионалната депонија, а чистењето на сите диви депонии е со рок до крајот на 2020.

Акциониот план на Струга го опфаќа и враќањето на нелегално изградените плажи на потегот од Струга до Калишта од заштитениот појас во првобитна состојба, што пак, треба да се случи до мај 2020-та.

Општината Охрид акцискиот план, според препораките на УНЕСКО, како и мораториумот за градење ги донесе пред седум дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...