Стриптизета поднела тужба против Џенифер Лопез, бара 40 милиони долари ВИДЕО

Актерката ја тужат за сума од 40 милиони долари поради содржината на филмот, односно за лажно прикажување на жената на која всушност се темели филмот.

1156

Џенифер Лопез (50) се наде на удар на негативни коментари поради своето учество во филмот „Измамничките од Волстри“ (Hustlers).

Продукциските куќи на Џенифер Лопез – „Nuyorican Productions“ и „Stx productions“ – се соочуваат со тужба од 40 милиони долари, која против неа ја покрена Саманта Барбаш (47), жената според чиј живот е снимен еден од најпопуларните филмови во 2019 година, пишува американскиот портал Ти-Ем-Зет.

Во документите доставени до судот пишува дека луѓето од продукцијата ѝ пристапиле на Саманта Барбаш пред да почне снимањето и ја замолиле да им даде согласност за снимање на филмот, како и да потпише дека се откажува од сите права на филмот. Таа ја одбила понудата.

Филмот е снимен според напис во „Њујорк тајмс“, под назив „Измамничките од Скор“. во кој детално се опишани настаните од животот на Саманта, со акцент на нејзината работа како стриптизета во познатиот стриптиз-клуб „Скор-џентлменски клуб“ во Њујорк.

Саманта тврди дека продуцентската куќа на пејачката ги користела нејзиниот лик и дело без нејзина дозвола и дека била наклеветена во нејзината изведба.

Џенифер Лопез за својата улога во „Хастлерс“ беше номинирана за наградата Златен глобус за најдобра споредна улога во игран филм.

Актерката ја тужат за сума од 40 милиони долари поради содржината на филмот, односно за лажно прикажување на жената на која всушност се темели филмот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...