Страшовски со ново писмо го предупредува Здравев дека прави кривично дело со поротничката во ТНТ

584

Адвокатот Јовица Страшовски, бранител на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски во случајот ТНТ упати второ посмо до претседателот на Судскиот совет Киро Здравев во врска со пензионирањето на една од поротничките во Судечкиот совет.

Писмото Иго објавуваме интегрално:

Почитуван г-дин Здравев,

Христос се роди!!!

Денес е голем празник за сите нас и не планирав да праќам писма зошто овој за мене е најголем празник како голем верник и христијанин. Но Вашиот молк и непревземањето на било каква активност овој голем празник го прави тажен и вознемирувачки за десетина семејства на кои директно или индиректно нивната судбина зависи од Вас и од доследното применување на Законите во Македонија.

Оваа прилика ја користам да Ве повикам уште еднаш  да свикате итна седница на судскиот совет а таа можност ја имате вие како Претседател на  судскиот совет и пред целокупната македонска јавност покажете дека сте за почитување  и владеење на правото,впрочем тоа и го покажавте со свикување на итна вонредна седница на 31.12.2019 исто така по барање на Основниот кривичен суд Скопје кога експресно постапивте по нивното барање кое не е ништо поразлично нити поважно од барањето од 23.12.2019 кое исто така Основниот кривичен суд Скопје  го има доставено до Вас а се однесува на поранешната поротничка Лилјана Ивановска – Кочковска.

Во ова второ отворено писмо до Вас исто така ќе дадам и одговор на прашањата кои Вие ги премолчувате подолго време:

Врз основа на кој закон и кој член ако се повикате на некој закон, Судскиот совет треба да констатира престанок на мандат за судија – поротник на кого му е веќе истечен мандатот на 23.12.2019 година?

Нема таква одредба во ниту еден закон! Па затоа доволно е тоа да и го соопштите на јавнота на Претседателот на Кривичен совет и поранешната поротничка Лилјана Ивановска – Кочковска.

Дали Претседателот на Oсновниот кривичен суд има законска можност да го повика ова лице на било кое рочиште закажано по 24.12.2019 година?

Нема! Член 81 од Законот за судовите е дециден и јасен: Кога против судија –поротник се спроведува истрага или е ПОВЕДЕНА ПОСТАПКА ЗА ПРЕСТАНОК НА ФУНКЦИЈАТА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДОТ НЕМА ДА ГО ПОВИКА ДА ЈА ВРШИ ФУНКЦИЈАТА СУДИЈА-ПОРОТНИК.

Вие како одговорен за доследно применување на законите во нашата држава заедно со останатите членови на Судскиот совет сте должни тоа да го истакнете и да му укажете на Претседателот на Основниот кривичен суд во спротивно сите Вие станувате прекршители на законот по повеќе основи!

Зошто не излезете во јавност како орган кој треба да го контролира работењето на судовите и судии и не ги решите овие неспорни факти кои како дилема сакаат да се пласираат во јавноста?

Затоа што молчењето е дел од стратегијата кој некој ја осмислил а сите Вие кои ја имплементирате ќе треба да одговарате пред органите на прогонот за што најавувам пријави до МВР и Обвинителството!

Зошто не одговорите официјално на барањето испратено до Вас од страна на Претседателот на Основниот кривичен суд во врска со поротниците во предметот ТНТ со конкретни насоки и упатства, туку тоа го правите со бледи и конфузни соопштенија?

Одговорот е ист со точка 3!

Нема! Член 81 од Законот за судовите е дециден и јасен: Кога против судија –поротник се спроведува истрага или е ПОВЕДЕНА ПОСТАПКА ЗА ПРЕСТАНОК НА ФУНКЦИЈАТА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДОТ НЕМА ДА ГО ПОВИКА ДА ЈА ВРШИ ФУНКЦИЈАТА СУДИЈА-ПОРОТНИК.

Зошто како институција која постојано се повикува на транспарентност и отчетност не ги објавите дописите што до Вас ги доставил претседателот на Основниот Кривичен суд и да покажете како сте одговориле на истите?

Затоа што знаете дека истите се незаконски и така пробувате да го заштитите, дури истите не ги доставувате ниту до членовите на судскиот совет со што правите уште едно кривично дело!

Дали со Вашата намера за не превземање на било какви мерки и чекори и умислено одлагање на седниците на Судскиот совет под разни околности само помагате кон сторувања на повеќе кривични дела од страна на поранешниот судија-поротник Лилјана Ивановска – Кочковска и Претседателот на Основниот кривичен суд?

Да! Никој во нашата држава не смее да остане неказнет за дејствијата кои ги превзема спротивно на закон.

Уште еднаш Ве повикувам уште во текот на утрешниот ден да постапите согласно закон и овозможите да завладее правото во нашата држава во спротивно ќе сметам дека како претседател на судскиот совет заедно со останатите членoви на овој орган кој исто така имаат можност со минимум пет потписи да свикаат итна седница на овој орган, превземате дејствија на непријавување на подготвување на Кривично дело.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...