Силно невреме ја зафати Хрватска, а поројниот дожд предизвика поплави во Загреб. Невремето е проследено со силен ветер, а во Нова Градишка на улиците паднале дрвја.
За само два часа невремето од Италија се прошири на северниот Јадран, а кај Истра биле забележани 20.000 молњи.
Во Стариград и Пакленица наврнало скоро 50 литри дожд на квадратен метар, а во поедини делови од земјата имало и бура. Обилни врнежи го зафатиле и Задар и околината. Особено силна бура имало во Ровињ, а невреме во Хрватска, особено на Јадранот се очекува и утре.