Страшно невреме во Германија – урнати покриви, уништени возила ВИДЕО

1511

Германија денеска ја погоди страшно невреме.Најлошо поминал градот Вупертал. Снимките од тој регион го прикажуваат хаосот на улиците. Обилните врнежи улиците ги претворил во реки кои носеле се пред себе.

„Билд“ јавува дека силниот дожд и надојдената вода урнала покриви на куќи и на бензински пумпи, уништени се десетици автомобили, а луѓето останале заробени во трговските центри. Урнати се и просториите на студентскиот дом во Вупертал, но за среќа немало повредени.

Засега нема информации за жртви. Спасувачките екипи се обидуваат да излезат на терен и да интервенираат, но ситуацијата на терен тоа им го отежнува.

„Билд“ јавува дека силно невреме го погидил и Дизелдорф, каде врнел град. Поплавени се многу куќи, сообраќајот е парализиран, откажани се и некои летови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...