Адвокатот Јовица Страшевски, по завршување на денешното рочиште на случајот ТНТ, рече дека надвладеал разумот и победила правдата.
– Се докажа дека сето тоа што Кривичниот суд го пишуваше против нас, не е точно, туку се потврди по втор пат заради разумно размислување од поротничката дека и е истечен мандатот. Го поздравувам нејзиниот гест и победи правдата во Македонија – рече Страшевски.
На прашање дали ќе прифати да се читаат доказите, адвокатот Страшевски, рече дека според него подобро да се изведат повторно, но ќе прифати како ќе одлучи мнозинството и нема да прави опструкции.
– Има два начини. Едно да се изведат, второ да се читаат. По мене подобро да се изведат повторно меѓутоа ако се согласат сите и јас би се согласил, затоа што јас на пример само два часа имав извршено увид во постапката и од доказите не знам ништо. И едното и другото како ќе одлучат мнозинството јас ќе прифатам, нема да правам опструкции, зашто во интерес ни е да ја докажеме правдата и вистината – изјави Страшевски.