Стратегијата за борба против климатските промени на Сандерс чини 16,3 милијарди долари

САД треба до 2030 година да произведуваат 100 отсто електрична енергија од обновливи извори, а до 2050 година треба да постигне целосна „декарбонизација“, наведува Сандерс во својот зелен еколошки план.

137
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Еден од кандидатите за американски претседател од редовите на демократите, Берни Сандерс, во текот на неговата посета на северна Калифорнија ја откри неговата стратегија за борба против климатските промени, вредна 16,3 милијарди долари.

Во текот на посетата тој се сретна со семејствата кои беа преселени заради смртоносите пожари и одржа митинг во главниот град Сакраменто.

Според неговиот план, почната е деценијата на „Green New Deal“ или деценија на сојузна мобилизација која климатските промени ќе ги вклучува во секоја политичка акција, од имиграцијата до надворешната политика, со ветување дека со тоа ќе се отворат 20 милиони работни места.

САД треба до 2030 година да произведуваат 100 отсто електрична енергија од обновливи извори, а до 2050 година треба да постигне целосна „декарбонизација“, наведува Сандерс во својот зелен еколошки план.

-Масовно ќе вложуваме во енергијата на ветрот, сончевата енергија и другите оддржливи енергии, рече тој на собирот во градскиот парк во Сакраменто, каде мноштвото присутни беа одушевени од идејата. На средбата со околу 5.000 ѓители на Сакраменто тој ги обвини нафтените компании дека се подготвени да ја уништат планетата само заради своите краткорочни профити.

-Не можеме да и свртиме грб на оваа криза, рече Сандерс. „Мораме да го водиме целиот свет во нов енергетски правец“, истакна тој.
Неговата стратегија опфаќа десетина стратешки планови за САД бескомпромисно да се откаже од фосилните горива во производството на електрична енергија, превозот и градежниот сектор.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...