– Тогаш имав 22 години, а во тие години кога сакаш, навистина сакаш – рекла пејачката Сања Долежал (56) за едногодишната страсна љубов со кошаркарот Дражен Петровиќ, пишува „24сата.хр“.
Пејачката на „Нови фосили“ и кошаркарот ги запознал музичкиот менаџер Зоран Шкугор. Со Дражен тогаш биле мајка му Бисерка и татко му Јован. Тоа требало да биде добра маркетиншка приказна. Сања по упатите на Шкугор почнала да оди на натпреварите на Цибона, а Дражен на нејзините концерти, па пријателството меѓу нив прераснало во љубов.
– На еден од натпреварите на Цибона фоторепортерите ја снимаа само неа како навива за Дражен. Сите се прашуваа дали Сања и Дражен се заедно, а бидејќи двајцата си се допаднаа еден на друг, навистина и започнаа врска која траеше околу една година. Не се криеја од јавноста. Кога беа слободни, шетаа за рака, прегрнати по плоштадот… Загрепчаните им приоѓаа, им велеа дека се прекрасен пар, им посакуваа брак, деца, среќа… Беа чести гости на познатите загрепски ресторани и култниот клуб „Салон“ – раскажал Шкугор.
– Иако Фосили ја полнеа секоја сала, сфатив дека хитовите не се доволни за останување на врвот. Требаше да се смисли нешто поатрактивно со што ќе се привлечат новинарите, а потоа и читателите. Бидејќи, тие читатели ги купуваа касетите и влезниците за концертите. Им предложив и двајцата се согласија – рекол Шкугор.
„Дражен беше маѓепсан од Сања. Токму како и таа од него. Двајцата беа млади, популарни и слободни. Девојките го прогонуваа Петровиќ, обожавателите ја прогонуваа Сања, но таа година тие двајца живееја еден за друг. Сања тогаш многумина ја запросуваа, но велеше, тоа не се вистинските момчиња. Запамтила и некои мачни ситуации. Една девојка, опседната со „Нови фосили“, со Дражен, со Сања… не знаела како да ги искаже емоциите па на пејачката ѝ ги дупнала гумите на автомобилот. Обожавателите не је загрозија нивната врска бидејќи двајцата беа во центарот на популарноста. Со товарот на славата знаеја да се справат. Одлично се разбираа, а за љубомора немаше место. Но, одвоеноста го направи своето. Дражен играше низ светот, а Сања имаше и по 200 концерти годишно. Позната ви е изреката „далеку од очите, далеку од срцето“ се покажа точна. Емоциите полека згаснаа, а по една година ја прекинаа врската. Тоа беше во 1986 година – се присетил Шкугор. Дражен и по раскинувањето на врската зборувал дека Сања е голема уметничка.
– И понатаму останаа блиски. Секогаш кога имаа слободно време, се наоѓаа на ручек како пријатели. Останаа во добри односи и многу се почитуваа. Дражен и понатаму продолжи да доаѓа на нејзините концерти.
Дражен Петровиќ загина во сообраќајна несреќа кај гратчето Денкендорф, кога имаше само 28 години.
– Беше навистина посебен. Страшно го доживеав неговото заминување. Сè уште ми е тешко да помислам дека повеќе го нема. Се сеќавам на нашата последна средба на еден концерт – рекла Сања.
Иако Сања не го запознала Дражен со своите родители, ниту пак, Дражен ја довел во родната куќа во Шибеник, Сања и денес се радува кога ќе ја сретне неговата мајка. Од запознавањето во Клубот, рекла пејачката, тие се во добри односи.
– Блиски сме. Често ја гледам и со задоволство ја прегрнувам – рекла Сања и додала дека многу ѝ е мила песната на „Нови фосили“, „Још те волим“ бидејќи секогаш ја потсетува на нејзината поранешната љубов. Исто така, ја сака и песната „Само ми се јави“, бидејќи во песната, рекла, постои голема количина на меланхолија која често ја расплакува.
FOTO: Privatni album/24sata.hr