Еден загинат и четворица повредени е билансот од страотна сообраќајна несреќа која се случи вчера вечерта во Истра кога автомобил влетал во полно ноќно кафуле.
Како што пренесуваат хрватските медиуми 28 годишна девојка со 1,37 промили алкохол во крвта влетала со автомобилот директно во кафе барот.
Полицијата била повикана во 23,46 часот, а според информациите за медиумите автомобилот поради неприлагодена брзина излетал од патот и завршил во кафулето преполно со луѓе.
Неофицијално се дознава дека оваа девојка која го управувала автомобилот со марка „Поло“бил со пулски регистарски таблички.