Страотна глетка: Семејство занемарувало 3 деца, живееле во измет со 245 животни ФОТО

Мелиса Хамилтон, Грег Нелсон и Сузан Нелсон се соочуваат со обвиненија по три точки за злоупотреба на деца и 66 точки за суровост кон животните.

673

Полицијата во градот Еџвотер на Флорида затекнала страотна глетка за време на контрола на еден стан поради пријава за лошо постапување кон малолетници. Полицајците пронашле во станот три деца како живеат во истиот простор со 245 различни животни.

При контролата, откако добиле пријава за можно лошо постапување кон малолетни лица, полицијата наишла на три занемарени деца, кои живееле заедно со 245 животни. Полицијата објави фотографии на својата Фејсбук страница на која се гледа дека ниту децата , ниту животните не биле правилно згрижени.

Во куќата наишле на мртво морско прасе во кафез, расипана, мувлосана храна, измет и отпадоци од животните.

Мелиса Хамилтон, Грег Нелсон и Сузан Нелсон се соочуваат со обвиненија по три точки за злоупотреба на деца и 66 точки за суровост кон животните. Социјалните служби ги преместиле малолетните деца, на возраст од 8, 9 и 10 години, а потоа ги предале на одговорен член на семејството, а животните биле однесени во засолниште за животни Едгетер.

Семејството имало четири кучиња, две мачки, десет заморчиња, 12 зајаци, четири хрчаци, десет златни качувачи, 14 птици, гекони, желка, еж, седум брадати агами, леопард, 95 глувци и 83 стаорци во куќата.

Фотографиите направени од полицијата покажуваат измет на подот во спалната соба и валкани душеци, валкан фрижидер со расипана храна и расфрлано сено и кафези низ целата куќа.

Foto: Pritnscreen: Facebook/City Of Edgewater Police Department

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...