Стражарите кои го сликаа Чавков во Шутка ќе добијат условна од две години

666

Основното јавно обвинителство ги фати затворскиот чувар кој ја сликаше и чуварот кој ја препратил фотографијата од дворот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари на која се наоѓа поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

Обвинителството ги терети за кривичното дело неовластено снимање и побара од Кривичниот суд да им изрече казнен налог односно условна пресуда со казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку обвинетите не сторат ново кривично дело во траење од две години.​

„На 30 ноември минатата година првообвинетиот како службено лице што било на стражарска кула го забележал оштетениот – поранешен функционер во МВР, искористил поволен момент и преку прозорското стакло без негова согласност го фотографирал, притоа повредувајќи му ја приватноста. Фотографиите во приватна порака, преку социјалните мрежи ги проследил на тројца колеги, меѓу кои и на второобвинетиот кој понатаму фотографијата ја проследил на уште двајца униформирани полициски службеници“, пишува во соопштението на обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...