Страв од можен „нов Чернобил“ во фабрика за нуклеарен отпад во Британија

484

Во фабриката за нуклеарен отпад „Селафилд“ во Велика Британија во Камбрија би можело да се случи несреќа полоша од чернобилската, предупредуваат активисти.

Британскиот весник „Сан“ објави дека во изминатите две години имало дури 25 случаи на т.н. пробивање на безбедноста.

Во групата згради опкружени со жичана ограда, долга шест километри, се наоѓа магацин со 140 тони плутониум. Тука се работи со радиоактивен отпад, кој го создаваат британски активни реактори.

Фабриката во Камбрија се смета за најопасно место во Европа. Џенин Смит од групата „Камбријци против радиоактивно опкружување“ изјави дека локалните жители живеат во страв од сериозен инцидент.

Едно пробивање на безбедноста е премногу. Не треба да биде ниту едно. Само една грешка може да биде катастрофална, истакна Смит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...