Стравуваат многумина од новата вештачка интелигенција

150

Истражувачката непрофитна компанија Опен-АИ од Сан Франциско, САД, соопшти дека создале нова програма за генерирање текст, наречена ГПТ-2, која „се однесува како камелеон”. Новата вештачка интелигенција тие првично ќе ја претстават во непотполна верзија, а изјавија дека „се загрижени заради можна злоупореба на таа технологија”.

– Причината за вознемиреност е во тоа што компјутерската програма, која произведува делови од текст засновани на она што самата ќе го прочита, е „помалку предобра“ во тоа што го работи – изјави претставник на компанијата.

Имено, вештачката интелигенција е способна да осмисли „синтетички текст со врвен квалитет” и има генератор за текст со база на податоци од осум милиони интернет-страници. Тоа, наводно, може да послужи за креирање лажни вести, измами и злоставување на социјалните мрежи.

Некои, пак, во ова застрашувачко претставување препознаваат само една самопромоција на компанијата.

Еден од нив е и информатичарот Кристофер Менинг од Универзитетот Стенфорд, кој смета дека ГПТ-2 е едноставно подобра верзија од другите генератори на текст и дека нема место за страв.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...