Венчавките никогаш не се одвиваат како што е планирано, но стравот од коронавирусот резултираше со една уникатна прослава, без младенците.
Млада сингапурска двојка, Џозеф Ју и Канг Тинг, се вратиле од патување во Кина неколку дена пред венчавката и гостите биле загрижени дека биле изложени на коронавирусот.
Двојката смислила решение, па пријателите и семејството биле во салата без младенците кои организирале видео повик од хотелска соба од која ги поздравиле гостите.
Младенците оддржале и говор и наздравиле со гостите „од далечина“.
Двојката отпатувала за Кина на 24 јануари во Хунан, да ја прослават кинеската Нова година и се вратиле на 30 јануари. Венчавката била закажана за 2 февруари во Сингапур. Двојката веќе се венчала во Кина, а другата церемонија била планирана поради семејството и пријателите на младенците.
Во Азија е вообичаено оддржување на две церемонии, особено кога младенците се од различни земји.
Во Сингапур досега се забележани 33 случаи на зараза.