Стојчев пак ќе си биде градоначалник

4481

Боро Стојчев осуден за обид на шверц на цигари може да се врати на градоначалничката функција на општина Ново Село, бидејки нема законска основа да му биде одземен мандатот, пишуваат медиуми.

Тој од штипска апелација доби намалување на казната затвор од 18 на 6 месеци и истата не се коси со законот за локална самоуправа кој мегудругото ги утврдува и причините кога му престанува мандатот. Казната е правосилна и не надминува 6 месеци како што обврзува законот

„На градоначалникот му престанува мандатот по сила на закон ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над шест месеци“, мегу другото стои во членот 54 од законот за локална самоуправа.

Имајки во предвид дека Стојчев речиси три месеци помина во притвор кои му се засметуваат како затворска казна тој до Божиќ треба да го напушти затворот во Струмица каде ја издржува казната. Сепак тој може да побара и одлагање на казната заради итни и неодложни обврски до Суијата за извршување санкции

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...