Стотина студенти останаа забарикадирани на универзитет во Хонг Конг

123
ФОТО: EPA / FAZRY ISMAIL

Стотина антивладини демонстранти останаа забарикадирани на Политехничкиот универзитет во Хонг Конг денеска, опколени од полицијата додека опсадата врз кампусот на универзитетот влегува во третиот ден.

Според локалните медиуми, повеќе од 200 млади демонстранти го напуштиле Политехничкиот универзитет, придружувани од медијатори на кои полицијата им дозволи да влезат.

На демонстрантите под 18-годишна возраст им беше дозволено да заминат без апсење, јави Би-Би-Си, но постари лица се приведени.

Политехничкиот универзитет стана сцена на судир минатата недела, при што антивладините демонстранти не покажаа знаци на откажување. Конфликтите на универзитетот се едни од најнасилните откако во јуни почнаа протести во кои се бараа истрага за полициска бруталност, како и универзално право на глас.

ФОТО: EPA / FAZRY ISMAIL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...