Стотина коњаници пристигнаа во Крушево

334

Стотина учесници во неколку коњаници денеска пристигнаа во Крушево и беа пречекани со погача, сол и вино, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски им посака топло добредојде.

– Пристигнаа коњаници од неколку правци во државата и со тоа ја продолжуваме традицијата од неколку децении. Повикувам на заедничко и достоинствено одбележување на овој голем празник кој им припаѓа на сите граѓани – изјави градоначалникот Томе Христоски.

По пречекот на коњаницата во домот на културата „Наум Наумовски Борче“ беа отворени изложбите „Крушевска одаја“ на здруженијата „Крушевска жена“, Здружение за угостителство и туризам“ и здружението за хумани односи, и „Уметнички мозаик“ на здружението АН – БЛОК“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...