Столтенеберг: Македонија може да добие покана за НАТО на самитот во јули

681

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се надева дека ќе може да биде испратена покана за членство на Македонија во Алијансата на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел, откако Скопје и Атина постигнаа договор за спроот за името.

– Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи тие постигнаа договор со Грција за проблемот со името. Ако тој договор биде финализиран и целосно применет новото име ќе биде Република Северна Македонија и тогаш можеме да тргнеме кон членство на поранешната југословенска Република Македонија во НАТО. Искрено се надевам дека тоа ќе можеме да го направиме – изјави Столтенберг во интервју за француската телевизија „Франс 24“.

На прашањето дали има временска рамка за членството на Македонија, првиот човек на НАТО вели дека тоа зависи од финализирањето на договорот во Скопје.

– Но, јас се надевам дека ќе можеме да почнеме преговорите за членство, односно да донесеме одлука за нивен почеток на самитот на НАТО во јули, ако се се одвива според планираното околу ратификацијата и референдумот кој ќе се одржи подоцна оваа година – изјави Јенс Столтенберг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...