Столтенберг ја повика Русија да го спаси ИНФ

460
ФОТО: EPA-JIM-LO-SCALZO

Времето истекува за да се спаси клучниот договор за нуклеарни ракети со Русија, изјави за Би-Би-Си генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој вети „одмерен, одбранбен“ одговор ако Русија повторно не ги почитува одредбите од спогодбата до 2 август, кога е крајниот рок.

– Мора да бидеме подготвени за светот…со повеќе руски ракети – рече Столтенберг.

Договорот за елиминација на нуклеарните проектили од среден и краток дострел (ИНФ) е постигнат меѓу САД и СССР во 1987 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп во февруари најави дека САД ќе ги прекинат своите обврски кон ИНФ, обвинувајќи ја Русија дека ги крши неговите одредби.

Русија ги негираше тие тврдења, но набрзо потоа ги прекина своите обврски и најави планови за развој на нов систем на вооружување.

Во интервјуто за британскиот сервис, Столтенберг рече дека руските ракети, за кои вели дека „јасно го кршат договорот“, се нуклеарни, мобилни, многу тешки за откривање и способни да стигнат во европските градови во рок од неколку минути.

– Тоа е сериозно. Договорот ИНФ беше камен-темелник во контролата на оружјето со децении и сега го гледаме неговиот крај – рече Столтенберг.

ФОТО: EPA-JIM-LO-SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...