Столтенберг по убиството на Сулејмани: Новиот конфликт нема да биде во интерес на никого

507

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска повика на воздржаност и намалување на растечките тензии меѓу САД и Иран по убиството на ирачкиот генерал Касим Сулејмани.

Столтенберг, кој претседаваше вчера со вонредна средба на амбасадорите на НАТО во Брисел, рече дека 29-те сојузници „повикале на воздржаност и деескалација“ и додаде дека „новиот конфликт нема да биде во интерес на никого“.

Тој додаде дека членовите на алијансата истакнале „загриженост поради дестабилизирачките активности на Иран во поширокиот регион на Блискиот исток“.

Запрашан за загриженоста во рамките на НАТО во врска со тој едностран потег на Вашингтон, Столтенберг рече само дека воздушниот напад е „одлука на САД“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...