Столтенберг на средба со Заев во Владата ВИДЕО

192
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг заедно со амбасадорите на сите земји членки на Алијансата претпладнево со највисоки државни и воени почести е пречекан пред платото пред Владата по што се очекува да има средба со премиерот Зоран Заев.

Предвидена е и заедничка прес-конференција на премиерот Заев и генералниот секретар на НАТО која ќе се одржи по завршување на работниот дел на Северноатлантскиот совет со Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и претставници на Влада.

Во текот на денот, Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од претседателот Стево Пендаровски.

Столтенберг во Северна Македонја пристигна вчера попладне, а вчерта присуствуваше на прием во Собрнието што го организираше собранискиот спикер Талат Џафери. Оттаму, генералниот секретар на НАТО порач дека со нетрпение ја очекуваат Северна Македонија како 30-та членка на Северноатланстаката алијанса.

– Наскоро, кога процесот на вашето пристапување ќе биде завршен, со нетрпение ќе ја пречекам  Северна Македонија како триесеттата членка на нашата Алијанса. И да го видам вашето знаме развеано пред нашето седиште во Брисел, како и во нашите мисии и операции насекаде низ светот – рече Столтенберг.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високите претставници на НАТО на Скопје по потпишувањето на протоколот за членство на земјата во Алијансата. Од февруари кога е потпишан Пристапниот протокол за членство на земјава во НАТО, досега го имаат ратификувано 14 земји – членки. Очекувањата се во јуни да влезе во процедура и во САД и да заврши оваа есен. Ратификацискиот процес, заеднички оценуваат надлежните, може да заврши и пред Самитот на Алијансата закажан во декември во Лондон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...