Лидерите на 29 членки на Севрноатлантскиот сојуз, во декември ќе одржат самит во Лондон, на кој ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
– Благодарни сме на Обединетото Кралство што ќе биде домаќин на тој состанок, кој се одржува во знак на одбележување на 70-годишнината на НАТО. Лондон е дом на првото седиште на НАТО, а Обединетото Кралство е едно од 12-те основачки членки на Алијансата, кои ќе продолжат да играат клучна улога во Алијансата, давајќи значаен придонес на нашата заедничка безбедност – порача Столтемнберг.
Трамп на самитот на НАТО во Брисел, во јули минатата година, се закани дека САД ќе се повлечат од воено-политичкиот сојуз доколку останатите членки не го зголемат своето трошење за одбрана, односно за војската.