Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг му го подари на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров пенкалото со кое сите 29 земји членки на НАТО го потпишаа пристапниот протокол за членство на Македонија во Алијансата.
Столтенберг притоа му рече на Димитров:
– Дане заборавите ова е пенкалото со кое сите земји членки на НАТО го потпишаа пристапниот протокол.