Столтенберг во Загреб: Северна Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО

337
ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција со претседателот Зоран Милановиќ денеска во Загреб објави дека Северна Македонија ќе стане членка на Северноатлантската алијанса за неколку недели. Тој и се заблагодари на Хрватска за поддршката на нејзината политика на отворени врати.

– Го поздравуваме фактот дека Хрватска е силен поборник за политика на отворени врати на НАТО. И наскоро, за неколку недели, Северна Македонија ќе стане 30-та членка, што укажува дека нашата врата останува отворена – рече Столтенберг на конференцијата за медиуми по средбата со Милановиќ.

Хрватскиот претседател истакна дека неговиот „стар познаник и пријател“ Столтенберг бил првиот постар гостин на Пантовчак во неговиот мандат, потсетувајќи дека неговата дипломатска кариера започнала во тој сојуз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...