Стоичков: Никогаш нема да има нов Стоичков

205

Бугарската фудбалска легенда, Христо Стоичков изјави дека нашиот источен сосед никогаш нема да има нов Стоичков, бидејќи секој играч е посебен и различен.

– Нов Стоичков нема да има, бидејќи секој си е уникатен за себеси. Во мојата книга упатувам порака до младите, а тоа е никогаш да не се откажуваат од своите мечти и да веруваат дека и некој Бугарин може да биде најдобар на светот во некоја област која е од интерес на милијарди луѓе – истакна Стоичков.

Тој беше неуспешен како тренер, сега работи по телевизии како коментатор и аналитичар, а сега живее во Мајами.

За моменталната ситуација во бугарскиот фудбал, тој кажа дека го потсетувала на песната „Дали јас задоцнив или времето брзаше“

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...