Стоичков: Бугарија прима мигранти, како може да бидеме расисти?

123

Бугарската фудбалска легенда, Христо Стоичков, во интервју за полското национално радио, ја бранеше својата земја во врска со расистичкиот скандал во октомври, кога репрезентацијата на Англија гостуваше во Софија.

– Не сакам ни да слушнам дека ние Бугарите сме биле расисти. Јас не се чувствувам расист. На стадионот имаше 20.000 луѓе, и тоа што 15-20 глупаци направија нешто што не требаше, не значи дека целата нација сме расисти – вели Стоичков.

Единствениот Бугарин кој ја освоил „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот, додаде дека неговата земја ги отворила границите за мигрантите, и бојата на кожата не им е важна, па сето тоа се докази дека не се сите Бугари како оние што предизвикаа прекин на мечот со Англија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...