Стоилов: Вардар не е ист со и без Кристопанс, сега виси и титулата во домашниот шампионат

238

Ракометарите на Вардар претстојниот викенд ги очекува можеби клучниот натпревар за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Капитенот Стојанче Стоилов најави игра на победа против Мотор Запорожје и покрај тешката ситуација во која се наоѓа Вардар поради финансиската криза.

– Си замина клуче играч. Вардар не е ист со, и без Кристопанс. Наше е да се бориме, да пробаме да победиме. Ова можеби се последните натпревари за нас тука. Нас никој ништо не ни кажува. Ние сме европски шампион. Односот спрема нас е смешен. Ќе видиме што ќе се случи. Наше е да дадеме се од себе, да го победиме Мотор, но реално сега каква што е работата, во прашање е доведена и титулата во Македонија – истакна Стоилов.

Натпреварот Вардар – Мотор Запорожје се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...