Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со барањето на независната пратеничка група во парламентот доброволно да се тестираат пратениците и другите вршители на јавни функции за наркотични средства вели дека апсолутно е прифатливо и дека и опозициската партија има идеја за таква иницијатива.
– Второ не е само што треба пратениците вака да се тестираат, туку мора да бидат и проверувани особено оние пратеници кои што поседуваат, а има повеќе такви пратеници коишто и да не се членови на комисијата, а имаат право да добијат безбедносен сертификат и да имаат увид во државни тајни, во безбедносни тајни и многу важни документи за безбедноста и стабилноста во Република Македонија. Оттука мислам дека е една иницијатива којашто во моментов добива актуелност. Може да биде и доброволно, може и да биде и задолжително. Оној што ако на доброволно не се јави, апсолутно отвара дополнителни сомнежи такашто тоа ќе го оставиме за понатаму. Тоа е јасно дека во моментов се наметна како потреба да се направи едно такво испитување – вели Стоилковски.