Советникот на Зоран Заев кој зема 40.000 денари од граѓаните, од Буџетот на Република Македонија вчера го гледавме како водеше „ФолкФест“ во Валандово. Граѓаните секојдневно плаќаат 850 евра за советниците на Зоран Заев. Секој ден советниците на Зоран Заев граѓаните ги чинат 850 евра. Секојдневно граѓаните и државата тонат во долгови за Заев да си ги плаќа советниците, всушност да подмирува медиумски апологети и да задоволува партиски послушници, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ и до сега укажувала на составот и на бројноста на советниците ангажирани од Заев. Најголемиот број од оние 63 на Советничката листа на Заев по ниту еден критериум не би биле ангажирани од ниту еден нормален владин, премиерски кабинет.
– Во оваа прилика би потсетиле за ангажманот на командант Хоџа од црната листа на САД, невладин советник односно на советничката листа на Зоран Заев, потоа советникот Силвио Аврамовски за кој што споредни извесни укажувања има криминално досие заради пукање во полицаец што никогаш не беше демантирано со факти, потоа за советници се поставени деца на блиски на Заев, роднини на функционери на СДСМ, партиски активисти, редовни апологети на власта низ медиумите во државата и надвор. Тука секако се и ангажирани новинари и медиумски работници- како „ФолкФест“ водителот Ѓорги Калајџиев, или новинарот од 24 вести, којшто се уште се медиумски активни додека се советници во Кабинетот на Зоран Заев – вели Стоилковски.
Според Столиковски, прашањето е што работат овие советници, коишто државата ја чинат комплетно околу половина милион евра годишно? Што ли советуваат, што ли му советуваат на Зоран Заев ако државата и граѓаните тонат во долгови, а се повторуваат меѓународните критики?