Македонија од 31 место на „Форбс“ во 2014 година, падна на 68-то место на држави за водење бизнис, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција.
– Најмногу забелешки „Форбс“ има за владеењето на правото и нееднаквото спроведување на законите – рече Стоилковски и додаде дека оценката на „Форбс“ е потврда на сите стравувања и укажувања од опозицијата.