Стоилковски: Колку ги чини граѓаните еден состанок на ЦО на СДСМ ?

492

СДСМ ја поистоветува државата со партијата. Прави класична злоупотреба на државни ресурси за партиски цели. Граѓаните им ги плаќаат возењата и партиските состаноци тука во седиштето на СДСМ на партиските фунцкионерите на СДСМ, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Мила Царовска, кои се министри во владата на партиски состанок доаѓаат со службени возила. Шекеринска, Спасовски, Николовски и Царовска незаконски користат службени возила вон работно време и за приватни средби. Според тоа што беше објавеното во медиумите, министрите не беа единствени кои што користеа службени возила и се превезуваа за партиски потреби, злоупотреби имаат направено и од голем број на директори и други избрани и именувани функционери од оваа партија – вели Стоилковски.

Дали граѓаните на Република Македонија се должни да го плаќаат приватниот превозот и приватните партиски состаноци на СДСМ? Дали е ова департизацијата на администрацијата која што ја ветуваа и за која зборуваа на цел глас?, праша Стоилковски.

– Злоупотребата на државни возила за партиски цели е врв на партизација на државата. Ова покажува дека СДСМ не прави разлика помеѓу партијата и државата. СДСМ мора да одговори, колку ги чини граѓаните еден состанок на ЦО на СДСМ, во смисла на возила, шофери, гориво и амортизација на возилата кои што се наплаќаат од Буџетот од граѓанитена Република Македонија. Злоупотребата на државните ресурси е уште една причина СДСМ да си замине од власт – вели Стоилковски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...